Фолк пејачот Наум Петрески со концерти обележува јубилеј, 35 години на музичката сцена. На четврти август тој настапи пред публиката во Битола, на Хераклеа, а пак утре ќе одржи концерт во Охрид, на сцената на Долни Сарај.
Познат како голем критичар на актуелните политики во земјава, тој објави видео од својот битолски концерт и порача дека колку и да се труди некој да ги попречи неговите македонски концерти, нема да успее во тоа.
-Треба да знаете дека добивам се поголема поддршка од пријателите и тие кои ја сакаат и ценат македонската музика, како мојата, така и на моите гости што ќе пеат заедно со мене утре вечер во Охрид.
Ќе опстане Македонија, како и векови пред нас, а сите вие анти-македонисти, ќе ве нема! Да живее Македонија – порача музичарот.
На утрешниот концерт тој ја најави сопругата Зуица Лазова како гостинка, а ќе настапат и Ѓоко Танески, Милован Секуловски и Владимир Поповски.
Вики Клинчарова