Наум Петрески, Миле Кузманоски и Андријана Јаневска наплатиле по 2.000 евра од ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Забавување на публиката на митинзите на ВМРО-ДПМНЕ чини по 2.000 евра од пејач. Толку тежат договорите што ВМРО-ДПМНЕ ги склучиле со пејачите Миле Кузманоски, Наум Петрески и Андријана Јаневска, кои настапуваат пред да се појави на сцена кандидатката за претседател, Гордана Силјановска.

Според финансискиот извештај на ВМРО-ДПМНЕ за првите десет дена од изборната кампања, освен хонорарот на овие музичари, обелоденет е и хонорарот кои го добиваат актерите Јелена Жугиќ и Зоран Љутков, кои ги најавуваат Силјановска и лидерот на партијата, Христијан Мицкоски. Договорите на Жугиќ и Љутков чинат по 1000 евра.

Приходите за изборната кампања на Силјановска се собрани пред се преку донации. На донаторската листа се наоѓаат 248 имиња, меѓу кои се пратеници и поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Па така, Антонио Милошоски донирал 150.000 денари, Трајко Вељаноски 120.000, Коце Трајановски 100.000, поранешната директорка на Археолошки музеј, Весела Честоева, 13.000, поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски, 60.000, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски 180.000, пратеничката Магдалена Манаскова 120.000, пратеничката Ане Лашкоска  130.000, Невенка Стаменковска 30.000, Драган Данев 20.000, Трајчо Димков 150.000, Никола Мицевски 120.000, Лилјана Затуроска 45.000, Павлинче Честојнова 150.000 денари и.т.н.

Изборниот штаб на кандидатката за претседател на државата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за промотивни активности за време на првите 10 дена од кампањата потрошил 167.400 евра.

Од друга страна претседателскиот кандидат на СДСМ и коалициските партнери, Стево Пендаровски досега потрошил речиси половина милион евра, или 480 илјади евра, а Блерим Река, кандидатот на Алијансата за Албанците и Беса – 25 илјади евра.

 

Поврзани новости