Во тек се подготовките за традиционалната манифестација Вевчански карневал, кој повеќе од 14 века се одржува во чест на Свети Василиј, односно на православна Нова година, од 12-ти до 14-ти јануари.
Шоуменот и актер Игор Џамбазов веќе ја покани јавноста на настанот преку социјалните мрежи, и вети незаборавни три дена за кои присутните ќе раскажуваат цел живот, а пак фолк музичарот Наум Петрески информира дека тој ќе настапи во Вевчани заедно со ,,Фолк мерак” на 13-ти јануари (сабота) со почеток од 22 часот.
Околу тоа кои други музичари ќе имаат свои настапи на карневалот, засега нема официјална информација.
Годинава карневалот доби и финансиска поддршка од државата. Министерството за култура ќе го финансира настанот со 1,8 милиони денари, односно околу 30 илјади евра.
За карневалот е специфично тоа што преку сатира и порачува на власта дека нешто не чини во државата.
Минатата година вевечанскиот градоначалник Спасе Кочоски изјави дека паметна власт во карневалот може да ја види цела негативност што ја правела во текот на годината, и ќе може да се коригира во иднина.
Вики Клинчарова