Популарните фолк пејачи Наум Петрески и неговата сопруга Зуица Лазова наскоро ќе заминат во Германија, каде ќе одржат голем концерт.
Настанот е во организација на Македонски културен центар: Македонско сонце – Дизелдорф, и како што информираат од таму, дел од средствата собрани од концертот ќе бидат наменети за изградба на македонска црква во Дизелдорф.
Заедно со Зуица и Наум ќе настапат и Мишел Трајковски, Хилми Баки, Марко Дениќ и Чеде Спасиќ.
Големиот концерт ќе се одржи на 30-ти ноември, и ќе биде покриен од Алфа Телевизија.
-Ние остануваме посветени да бидеме центар каде што нашите музички уметници од татковината ќе бидат поблиску до нас Македонците во Германија, каде ќе ја негуваме македонската народна и забавна музика, фолклор и традиција…
Ве чекаме на семакедонскиот патриотски, повеќечасовен концерт.
Подржете не, да можеме да ја исполнуваме нашата програма за зачувување на македонската култура и традиција. Преубавата атмосфера и музика нема да изостанат, да ја обоиме повторно салата црвено-жолто, порачаа од МКЦ Македонско сонце –Дизелдорф.
Вики Клинчарова