Наудреност

by Фокус

Лицемерно и демагошки, родоотстапниците и губитниците од СДСМ кои ја испокрадоа државата и распродадоа националните интереси, наудрено држат лекции за патриотизам. Завалиите толку се загрижија за македонското знаме, што не се прашуваа зошто со години  долж делницата, лево и десно од патот Тетово – Кичево, лево и десно, се вејат знамиња на туѓа држава. Можеби, затоа што Кичево се смета за воен плен на учките?

Пишува: Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ

Неинвентивен перформанс без срам и перде! Така сублимирано може да се дефинира т.н ,,културна дипломатска” посета на Бугарија од претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова. Бура во кофа со помија за изостанувањето на македонското знаме на фото сесијата со нејзиниот колега, Румен Радев.

Македонската власт, за да го амортизира гафот, настанот го оцени како институционална протоколарна грешка, макар што знаеше дека се работи за бајгањовски провокациски ,,номер”. Инцидентот веројатно ќе се нотираше само во Алманахот на безбројните негирања и бесчестија на бугарската политика кон ,,Македонския въпрос”.

ЛИЦЕМЕРИЕ

Арно, ама ѓаволот не спие, па СДСМ, во класичен болшевички манир, го скандализира перформансот со ,,сочекушата” од бугарскиот претседател. Запали фитил со обвинување дека случајот бил дипломатски скандал, невидено понижување и газење на македонското достоинство, па во стилот на народната ,,Подржи ми го копилето, да се изнасмеам на копиларката”, целата вина ја стовари врз македонската делегација.

Владеачката ВМРО-ДПМНЕ се фати на јадицата и лавината на обвинувања тргна. Владин  претставник бугарскиот однос го нарече ,,нецевилизиран, од кој помизерни се само домашните слуги”.

Тоа дојде како кец на десетка за бугарската страна, која отвърна че посещението не било официално, държавно или работно, па в такъв случай не се предвиждат протоколарни атрибути. Бугарскиот претседател со ,,тарикатен финт” направи популистички потег, а македонските реакции ги оцени како хистерични, кои не влевале оптимизам за ЕУ. Со помија посипаа се’ што е македонско, дури и со небулозно барање ВМРО-ДПМНЕ да се исклучи од Европската народна партија.

Лицемерно и демагошки, родоотстапниците и губитниците од СДСМ кои ја испокрадоа државата и распродадоа националните интереси, наудрено држат лекции за патриотизам. Завалиите толку се загрижија за македонското знаме, што не се прашуваа зошто со години  долж делницата, лево и десно од патот Тетово – Кичево, лево и десно, се вејат знамиња на туѓа држава. Можеби, затоа што Кичево се смета за воен плен на учките?

И тоа не е се’. Ич не им беше гајле што на објектите од повеќе министерства и државни институции нема истакнато македонско знаме или, пак, целосно се уништени. Лицемерието стана авангарден тренд на самопрогласените ,,државотворци”, а изопачување на суштината  препознатлив белег. Зорле глумење наудреност.

АРАМИИ И НЕСПОСОБНИ

Целосното национално, морално и духовно пропаѓање почна со протоколите на недугавите и нарцисоидни ,,државотворци”, флагрантните понижувања со истакнување само на албанското државно знаме во општините, институциите и седиштата на етничките партии, што претставува директен удар врз унитарноста односно буквално симболизирање на окупирана територија. Не ги загрижуваше ниту кога министерка од нивните редови се фотографираше до знаме на УЧК!

Истиот апсурд се манифестира и кога на седиштата и штабовите на политичките партии, наместо македонското се истакнува знаме на туѓа држава и на НАТО.

Глумеа наудреност и за протоколарни киксови при пречекот на црногорскиот претседател со свртено знаме наопаку, благодарност до Норвешка со знамето на Исланд, пречек на австрискиот канцелар со знаме на Латвија, францускиот амбасадор со холандско, словенечката министерка за надворешни работи со словачко знаме.

Проблемот со т.н ,,културната диплoматска” посета во Софија и (не)намерната и (не)промислена тарикатска финта со непоставување на македонското знаме, е во гледиштата ,,кофата е полна со помија до половина” и ,,до половина празна”.

Ама, се’ зависи како се гледа на конкретниот случај. Ако е полуполна, може да се биде задоволен што во неа има помија. Ако истата кофа се перцепира како полупразна, може да се биде незадоволен што не е полна.

Со други зборови, нема соодветен логички израз за некоја друга количина во кофата. Освен, можеби, вистината дека во политиката се вгнездуваат две сорти – арамии и неспособни. Првите за да крадат, а вторите затоа што не знаат на поинаков начин да направат нешто корисно за себе.

В едно изречение, тази врява за спорната снимка с македонския флаг, напомня на онзи български виц за преструване лудост: – За какво плачеш момиче? – Ами, страх ми е ще ме изнасилиш! –  Недей да се ядосваш скъпа, ас бях забравил, сега ще бъде!

Поврзани новости