604
Започна научно – истражувачкиот проект на Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медициинскиот факултет во Скопје, кој има цел да го утврди процентот на луѓе кои имаат стекнато антитела од вирусот КОВИД – 19, информираат од Општина Карпош.
Во соопштението стои дека денеска, во Карпош биле земени почетните 135 единици крв од потребниот примерок за т.н. серолошки скрининг, односно од вкупнот примерок за испитување на отпорноста на ковид на ниво на град Скопје.
Од општината дополнуваат дека стручниот тим од Инситутот ќе продолжи со ова истражување и по други скопски општини.