Научниците откриле стотици мутации на корона вирусот, но засега не знаат што значи тоа

by Fokus

Научниците во САД и Велика Британија идентификувале стотици мутации на корона вирусот што ја предизвикува болеста КОВИД-19, но засега не е познато што значи тоа за неговото ширење.

Прелиминарните истражувања во САД покажале дека една од мутациите, што ја наречекоа Д614Г, станува доминантна и би можела да ја направи болеста позаразна, а можеби и посериозна. Сепак, ова досега не е испитано од други научници и не е официјално објавено.

Истражувачите од националната лабораторија во Лос Аламос (САД) утврдиле дека пациентите со оваа конкретна мутација на вирусот имаат поголемо количество од вирусот во организмот, но нема докази дека поради тоа се поболни и подолго остануваат во болница.

Од друга страна, истражувањето спроведено од Универзитетскиот колеџ во Лондон открило 198 мутации на корона вирусот САРС-ЦоВ-2.

„Мутациите сами по себе не се лоша работа и засега ништо не сугерира дека САРС-ЦоВ-2 мутира побрзо или побавно од очекуваното. Засега не можеме да кажеме дали овој корона вирус станува помалку или повеќе смртоносен и заразен“, вели Франсоа Балу, еден од авторите на студијата.

Поврзани новости