Национална пензија од 500 евра за Маја Оџаклиевска!

by fokus

Музичката дива Маја Оџаклиевска (67), која од 1970 година живее во соседна Србија, доби национална пензија од тамошните власти. Според Владата на Србија, станува збор за доделување на признание за врвен придонес на националната култура, а добитниците до крајот на животот ќе имаат животен додаток од околу 500 евра.

Покрај Маја, национална пензија добиле и музичарот Бора Ѓорѓевиќ, актерите Војислав Брајовиќ, Лазар Ристовски, како и уште дваесеттина истакнати композитори, пијанисти, филмски критичари, режисери и други.

Во изминатите години Оџаклиевска, која ја започна музичката кариера на свои 15 години во Скопје, не криеше дека има тежок живот со пензијата која и пониска од 300 евра. Таа се грижи за внукот Лука (13), син на нејзината постара ќерка Теа, кој има аутизам.

Во претходно интервју за ,,Фокус” раскажа дека состојбата на Лука за неа и за целото семејство делувала разорно и болно.

-Ме прашувате како сум, а како да бидам кога внучето уште не ми прозборе? Тоа е најсуштинското нешто во мојот живот. Песни, музика, дружби, се е тоа убаво, но мојот Лука уште не зборува – емотивно ни раскажа Маја.
По сите случувања на приватен план, откри дека нема желба за настапи и забави, посветена е на Лука, и живее од ниската пензија.

Кога лани во мај се омажи нејзината помала ќерка Андреа, ни се заблагодари на честитките и порача дека сака да се повлече од јавноста.

-Уморна сум, не можам повеќе. Сакам да се повлечам сосема. Минавме низ тешки периоди, емоционални падови, но и безусловна љубов да се работи на напредокот на Лука. Разорни се овие чувства, ни изјави поп дивата, која од минатата година повеќе не е активна ниту на социјалните мрежи.

Вики Клинчарова

Поврзани новости