Нацева за ЕП: Луѓето од Скопје да понесат убави спомени!

by fokus

Денес започнува ЕП во ракомет за жени кое ќе се игра во Македонија, Словенија и Црна Гора.
Во Скопје првенството се отвора во сабота во 18 часот кога Македонија ќе ги одмери силите со екипата на Франција.

Некогашната ракометна репрезентативка, Гордана Нацева посака успешен старт на првенството и посетителите и натпреварувачите да понесат убави спомени.

,,Горди сме што во Македонија се одржува еден ваков важен настан. Сега треба да уживаме во натпреварите. ЕП се одржува во важен период за женски ракомет, а ова ќе биде мотив за сите кои што сме вклучени во ракометот. Чувствувам силна емоција, можам само да претпоставам како се чувствуваат ракометарките. Знам колку работат девојките, ова е шанса на нивните кариери. Верувам дека можеме да бидеме пријатно изненадување на првенството. Да бидеме добри домаќини и сите што ќе дојдат во Скопје да понесат убави спомени. Напред Македонија, со срце за Македонија”, истакна Нацева.

Ј.Ц.

Поврзани новости