Нацева-Фуштиќ е нова директорка на Детска клиника, а Клисарова на Онкологија

by fokus

Откако вчера на барање на министерот за здравство, Беким Сали, оставки си поднесоа директорите на две универзитетски клиники – Клиниката за детски болести и Клиниката за радиотерапија и онкологија, денеска се назначени нови директори.

Како што дознава „Фокус“, за нова директорка на Детската клиника е назначена д-р Стојка Нацева Фуштиќ, а на чело на Клиниката за онкологија застанува д-р Виолета Клисарова.

Оставките пак вчера ги доставија директорката на Универзитетска клиника за детски болести, проф. д-р Аспазија Софијанова, и директорот на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, д-р Никола Васев.

И.М.

Поврзани новости