385
Останува на Украина да одлучи кога ќе има услови за преговори за завршување на војната со Русија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, нагласувајќи дека Алијансата не го променила ставот.
„Украинците и само Украинците се тие кои можат да донесат одлука за тоа кога ќе има услови за преговори. Тие се оние кои можат да донесат одлука на преговарачка маса за тоа што е прифатливо решение“, рече Столтенберг.
Говорејќи на конференција во норвешкиот град Арендал, тој додаде дека улогата на НАТО е да ја поддржи Украина.
Столтенберг ова го изјави откако шефот на неговата канцеларија, Стијан Јенсен, завчера изјави дека Украина на крајот можеби ќе мора да и отстапи територија на Русија како дел од договорот за ставање крај на војната.
Јенсен подоцна рече дека жали за изјавата.