НАТО ги отрфрли тврдењата на белорускиот претседател Александар Лукашенко дека странски сили организираат распоредување на војници на границата со таа земја.
Лукашенко вчера го обвини НАТО дека се обидува да ја подели Белорусија и да назначи нов претседател во Минск, истакнувајќи дека подготовките се во тек во Полска и Литванија.
НАТО ги негираше овие обвинувања, велејќи дека не претставува никаква закана за Белорусија или која било друга земја.
„Нашата политика е строго дефанзивна“, сооошти НАТО, апелирајќи Белорусија да ги почитува основните човекови права на своите граѓани.
Литванскиот претседател Гитанас Науседа изјави дека белорускиот режим по секоја цена се обидува да го сврти вниманието од внатрешните проблеми на Белорусија со целосно неосновани изјави за имагинарни надворешни закани.
Неименуван официјален претставник на полското претседателство, пак, изјави дека идеите за тоа дека Полска планира каква било дестабилизација на границите се „пропаганда на режимот“ во Белорусија.
Инаку, Лукашенко му нареди на раководството на Министерството за одбрана да реагира без предупредување во случај на повреда на западната граница.