НАТО е подготвен да одбие напад од кој било потенцијален непријател, вклучително и Русија, изјави генералниот секретар на Алијансата – Марк Руте, коментирајќи ја изјавата на германските разузнавачки служби дека Москва, наводно, би можела да го нападне блокот до 2030 година.
„Ќе бидеме јасни: НАТО е подготвен да го одбие секој непријател што ќе одлучи да не нападне, сега и во иднина. Значително инвестираме во нашата одбрана“, рече генералниот секретар на заедничката прес-конференција со летонскиот премиер во седиштето на алијансата во Брисел.
Одговарајќи на прашање за задачите на Алијансата во однос на Украина, Руте рече дека стратегијата на НАТО за Украина е дека таа може да продолжи да се бори и, доколку се донесе соодветна одлука, да ги започне преговорите со Русија „од позиција на сила“.
Да не се дозволи (рускиот претседател Владимир) Путин да го постигне она што го сака во Украина. Тоа значи да и се даде огромна помош на Украина за да можат да возвратат… Мораме да сториме се за Украина да добие способност да продолжи да дејствува“, рече Руте.