Министерот за финансии, Фатмир Бесими во вечерашното интервју на ТВ 24 одговори на обвинувањата на опозицијата дека расходите за патни трошоци во ребалансот на Буџетот се зголемени.
Објасни дека зголемени се само патните расходи во делот за НАТО и за бегалците.
-Кратење или штедење на ставките што се помалку приоритетни. Тоа е делот на патни трошоци, договори на дело, купување возила, мебел.. . Во делот на стоки и услуги, што вели опозицијата дека патните расходи се зголемени, тоа се нови трошоци за бегалци и раселени лица, како и трошоци за НАТО во делот на Министерството за одбрана. Во однос на одбраната, патните трошоци се зголемени за мисиите на НАТО. Другите патни трошоци се намалени.
Имаме намалување на ставките за мебел, за возила, вели Бесими.