405
Претставникот за печат на НАТО, Оана Лунгеску, изјави дека Северноатлантската алијанса го поздравува договорот меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, постигнат вчера во Охрид.
На Твитер, Лунгеску ги повика двете страни целосно да го спроведат договорот.
„НАТО го поздравува договорот што го постигнаа претседателот на Србија и Албин Курти во дијалогот со посредство на ЕУ, на патот кон нормализација на односите меѓу Белград и Приштина. Ги повикуваме двете страни брзо и целосно да го спроведат договореното. Ние сме посветени на стабилноста на Западен Балкан, вклучително и НАТО и КФОР“, рече Лунгеску, пренесува Косово онлајн.