748
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска најави дека за петок закажал вонреден состанок на шефовите на дипломатиите на земјите -членки на Алијансата во врска со развојот на ситуацијата во Авганистан.
Столтенберг на Твитер напиша дека ќе претседава со состанокот преку видео врска, која ја свика „со цел да продолжи тесната координација“ на 30-те земји членки на НАТО и „да се разговара за заеднички пристап кон авганистанското прашање“.
Генсекот на Алијансата вчера го обвини поранешното раководство на Авганистан за брзиот колапс на нивните вооружени сили, кои беа поддржани од Запад, но призна дека НАТО мора да ги отстрани недостатоците на сопствената програма за воена обука.