НАТО и ЕУ го осудија нападот во Кабул

by fokus

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, го осуди бомбашкиот напад на аеродромот во Кабул, нарекувајќи го ужасен и терористички.

„Наш приоритет останува да евакуираме што е можно повеќе луѓе на безбедно, што е можно побрзо“, напиша Столтенберг на Твитер.

И претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, изјави дека е многу загрижен по експлозијата на аеродромот во Кабул.

-Моите мисли одат со жртвите и нивните семејства“, напиша високиот претставник на ЕУ, додавајќи дека обезбедувањето безбеден премин до аеродромот останува од витално значење.

Поврзани новости