НАТО бара истрага за падот на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

by Fokus

НАТО денеска повика на истрага за причините за падот на авионот на Азербејџан ерлајнс во кој загинаа 38 лица.

„Нашите мисли и молитви се со семејствата и жртвите на летот J28243 на Азербејџан ерлајнс“, рече портпаролката на НАТО, Фара Далалах на платформата X (Твитер).

Таа посочи дека НАТО им посакува брзо закрепнување на повредените во несреќата и бара да се покрене истрага.

Авион на Азербејџан ерлајнс летал од главниот град Баку за Грозни кога излетал од курсот и се урнал вчера додека се обидувал принудно да слета во близина на градот Актау во Казахстан откако го прелетал Каспиското Море.

Во Азербејџан денеска е прогласен Ден на жалост поради авионската несреќа во која загинаа 38 лица, а 29 преживеаја, додека причината за авионската несреќа се уште не е позната.

Поврзани новости