190
СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Ќ.(54) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство” и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”, против А.Ќ.(26), А.Ќ.(28) и Е.Ќ.(62), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство” и против А.Ќ.(71) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете”.
Како што информираат од полицијата, на 25.10.2025 во село Средно Коњари, скопско, пријавените физички нападнале жител на селото и негов малолетен внук, при што употребиле и тврд предмет, додека првопријавениот репетирал пиштол кон него.