Натепала девојче поради недоразбирање околу часови за балет

by Fokus

Малолетно девојче било натепано од мајка на нејзината пријателка, со која заедно оделе на часови за балет. Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 26.12.2018 година во 21,00 часот М.Ш.(37) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 20,10 часот на “Кеј 13-ти Ноември“ во Скопје нејзината малолетна ќерка била физички нападната од страна на лицето А.П., поради претходно недоразбирање околу часови за балет, каде заедно вежбала со ќерката на пријавената. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости