Наташа Гоџоска и Артан Ајро се избрани за јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје

by Fokus

Наташа Гоџоска и Артан Ајро денес беа избрани за јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје.

Советот на јавни обвинители на денешната, 82 седница гласаше по сите пријавени кандидати, а потребното мнозинство не го добија кандидатите Зоран Марковски, Спасенка Андонова, Владимир Милошески, Наташа Сарамандова, Јован Серафимовски, Љубомир Лапе, Златко Биковски, Расим Деца, Дарко Јакимовски и Ленче Ристовска.

Претходно, советот ги избра Наталија Тасевска и Елвин Вели за јавни обвинители во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

На денешната седница ќе се бираат обвинители и во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – ОЈО ГОКК, Основно јавно обвинителство Гостивар, Основно јавно обвинителство Кавадарци и Основно јавно обвинителство Скопје.

Поврзани новости