Наталиа Кличко, сопругата на киевскиот градоначалник Виталиј која живее во Германија, му ја даде својата поддршка на украинскиот народ, објавувајќи порака во која открива дека е достапна за помош на бегалците кои од Украина доаѓаат во Германија.
-Ќе дадам се од себе овде, ќе ги активирам луѓето. Ќе бидам секаде каде е потребна мојата помош, за бегалците кои доаѓаат во Германија, ќе собирам средства и нема да молчам! Немојте ни вие да бидете рамнодушни!
Им се заблагодарувам на сите граѓани од Русија кои го победија стравот и излегуваат на улиците да го запрат крвопролевањето и војната!
Ве молиме, продолжете да го кревате гласот и да го запрете ужасот кој вашата влада го стори во Украина – напиша Наталиа на Инстаграм.
Таа и Виталиј се во брак од 1996 година и имаат три деца, синот Макс кој студира во Британија, ќерката Елизабета која студира во Холандија и најстариот син Јегор, за кого нема податоци каде живее.
Она по кое често се спомнува познатиот пар во јавноста е што Наталиа која се занимава со пеење живее во Германија, а пак Виталиј во Украина.
И двајцата велат дека иако е тешко да се одржува брак на далечина, сепак имаат меѓусебно разбирање, бидејќи и двајцата се посветени на своите кариери.
-Ми се случува да ја заборавам нашата годишнина од брак… Иако се гледаме само неколкупати годишно со Наталиа, ние сме духовно поврзани.
Познавам многу ѕвезди кои животот го минуваат во авионски летови, концерти, заработуваат многу пари, но немаат приватен живот. Тоа е тешка работа, но мора да постои разбирање помеѓу луѓе кои се посветени на своите кариери, ако сакаат да бидат успешни- изјави поранешниот боксер во интервју за Димитри Гордон, и појасни дека поради неговата работа, морал на децата да им го ограничи користењето на интернет, како и дека користеле лажни имиња на социјалните мрежи.
Вики Клинчарова