334
МВР информира дека на 14.05.2023 околу 00.50 часот на регионалниот пат Струга – Дебар, на влезот во с. Велешта, А.О.(21) од с. Велешта, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.
На местото на несреќата возачот им подлегнал на повредите, а смрт констатирал лекар од Медицински центар Струга.
Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Струга.