Наставниците кои сакаат да работат од дома, директорите на училиштата да им дозволат, бараат од СОНК

by Fokus

Новиот налет на корона вирусот и порастот на бројот на заразени во Северна Македонија, направи проблеми и во училиштата и градинките низ нашата држава.

И таму расте бројот на заболени и бројот на тие кои се во самоизолација, а Јаким Неделков од СОНК на денешната прес-конференција излезе со неколку предлози за да се намали ударот врз образовниот систем.

„Апелирам, наставниците кои сакаат да работат од дома, да користат свои уреди и интернет, со цел да не се изложуваат на ризици, директорите на училиштата да им го дозволат тоа. Сметам дека треба да се преиспита одлуката на МОН за настава со физичко присуство, со оглед на бројот на заболени во и вон училиштата“, вели Неделков.

Поврзани новости