476
Полицијата во српскиот град Пирот го уапсила М.А.(19) поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Тинејџерот е осомничен дека му се заканил на наставник во гимназија во Бабушница дека ќе донесе бомба во училиштето и „ќе реши се“, откако тој го предупредил да се грижи за неоправданите отсуства
Полицијата веднаш извршила претрес во неговиот стан, но не пронашла експлозивни направи или оружје.
На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава е спроведен во Основното јавно обвинителство – Пирот, соопшти денеска тамошната полиција.