659
Синоќа во Полициската станица во Кавадарци родители на тринаесет годишно девојче пријавиле дека истото било нападнато од наставник во нејзиното училиште.
Според СВР Велес, наставникот во последните три месеци во повеќе наврати го обљубил девојчето.
,,Настанот е документиран и доставен до Основно јавно обвинителство во Кавадарци. Девојчето било нападнато вчера, најверојатно по часовите, а кога се вратило дома им признало на родителите, и тие го пријавиле наставникот во полиција. Повеќе детали ќе имаме утре’’ – ни изјави Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Вики Клинчарова