Наставник го удрил по главата и му скршил заб

by Fokus

Петнаесетгодишен ученик си го скршил забот од клупата, откако наставникот претходно го удрил по главата, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера околу 01.00 часот, 15-годишен ученик во Основното училиште „Луиѓ Гуракуќи“ од Желино, заедно со неговиот стрико Б.И.(38), пријавиле дека на 13.03.2018 година околу 11.00 часот , на час по историја, со рака бил удрен од наставникот. Според пријавителот, наставникот без причина го удрил по задниот дел од главата, од што малолетникот удрил во клупата и му се скршил еден од предните заби. Нешто подоцна, повредениот малолетник се обратил за лекарска помош во тетовската клиничка болница, а потоа го пријавил случајот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости