Наставнички пленум: Ние бараме повисоки плати, но не за да се задоволат личните интерси на врхушката на СОНК

by Fokus

Протестот на СОНК закажан за среда е чиста манипулација за нашата фела, обвинуваат од Наставничкиот пленум.

Баравме, бараме и ќе бараме унапредување на положбата на наставниците. Но, не со СОНК! Не за личните интереси на рака луѓе во неговата врхушка. Барањата со кои сега излегува СОНК се легитимни. Но, СОНК, особено неговото раководство – не е! Тие луѓе, таа организација, ја потрошија целата наша доверба, целото наше трпение, ни го поткопаа достоинството, ни ја загрозија егзистенцијата!, а требаше да ги штитат и унапредуваат“- велат од Синдикатот на наставничкиот пленум.

Од таму тврдат дека нема да дадат поддршка на СОНК  кој најави дека на 17 јануари пред министерството за образование ќе бара повисоки плати за просветните работници.

 

Поврзани новости