Наставничка од Њујорк вакцинирала ученик

by Fokus

Наставничката Лора Русо од Њујорк, САД, е уапсена затоа што вакцинирала ученик против корона вирус и покрај фактот што нема формални медицински квалификации.

Според полицијата, Русо вакцинирала 17-годишен ученик во својот дом. Наставничката по биологија, инаку, е уапсена на новогодишната ноќ и доколку биде осудена, ѝ се заканува казна затвор до четири години.

Наводно, 17-годишникот сакал да ја прими вакцината.

Се појави и видео од контроверзната вакцинација, на кое Русо му вели на ученикот: „Ќе бидеш добро, се надевам… Ете така – вакцинација дома!“

Директорот на средното училиште „Херикс“, изјави дека вработената Лора Русо, е отстранета од настава и прераспоредена до крајот на истрагата.

Русо е обвинета за практикување медицина без потребни дозволи. Првото судско рочиште ќе се одржи во текот на месецов

Поврзани новости