Расте бројот на новорегистрирани лица позитивни на корона вирус во Тиквешијата. Во Кавадарци денес се регистрирани 9 случаи, помеѓу кои и наставничка од основно училиште. Сите 16 ученици на кои им предавала наставничката, инаку второ одделенци, ќе останат во изолација наредните 14 дена, а во тек на денот училиштето ќе биде дезинфицирано, потврдија од Центар за јавно здравје Кавадарци.
И во Неготино е регистриран еден позитивен случај, жена на возраст од 37 години, вработена во поголема приватна фабрика во Кавадарци.
Во Демир Капија пак, позитивна е жена на возраст од 53 години, која поради потешки симптоми е хоспитализирана во болницата во Велес.
Новозаболените во Тиквешијата се на возраст од 23 до 53 години, и речиси никој од нив не навел податок од каде се инфицирал.
Се работи на утврдување на нивните контакти.
Вики Клинчарова