Велешанката Ленче Здравкин, хуманитарка која и стана позната на јавноста поради своето несебично помагање на бегалците, и која е добитничка на повеќе награди поради својата солидарност, помеѓу кои и наградите ,,Мајка Тереза” и ,,Мето Јовановски”, за ,,Фокус” раскажува дека е вознемирена од настанот со миграните кој синоќа се случуваше во Велес, на само дваесеттина метри од нејзиниот дом.
Случката од која се објави и снимка на социјалните мрежи, кога товарно возило во кое се превезувале 23 мигранти од Сирија, не запрело на знакот за запирање даден од полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово, по што следела бркотница низ градот, која на крајот заврши со пропаѓање на возилото со мигранти во ископ на улица среде Велес, повторно ги отвори прашањата околу мигрантите кои транзитираат преку земјава, кон својот пат во Германија, Австрија, Франција…
Колку е раширено нивното криумчарење, и дали начинот на кој ЕУ полицијата се справува со криумчарите на ефективен начин е прашање кое повторно е актуелно по вчерашниот настан, кога среде град се случуваше опасната бркотница.
-Ова кое се случи синоќа во Велес, среде град, во време кога улиците се раздвижени и на ризик беа ставени сите минувачи, навистина е недозволиво во 21-от век! На само дваесеттина метри од мојот дом се одвиваше бркотницата со криумчарите и среќа е што немаше трагични последици!
Според моите сознанија, 11-годишното момче и неговиот татко од Сирија се здобиле со лесни повреди, но не смее да се занемари фактот што во возилото на криумчарите имаше деца и жени! Моите информации се дека за акцијата била задолжена хрватска полиција, но од искуство, и покрај сите мерки синџирот расте, се шири…
Возачот на возилото и неговиот сопатник имале по 18 години, значи се работи за деца! Голем е бројот на криумчари на мигранти кои се на слична возраст, млади лица, омамени поради брзата заработка и не мислат на последиците, но уверена сум дека тие деца се најситната карика во ланецот кој е многу поголем. Станува збор за огромни суми на пари, од разговори со мигранти на кои им помагам знам дека превозот од една до друга граница изнесува 1.000 евра по лице. Ако временските услови се лоши, дождови, жештини, тогаш сумата достигнува и до 1.200 евра по лице.
По ова кое се случи синоќа среде град, во 20.30 часот, имаме вознемирена јавност, а трајно решение со мигарнтите нема на повидок – вели Здравкин.
Таа појаснуава дека припадниците на македонската полиција секогаш биле доста хумани и имале големо разбрање за мигрантите. Вели дека самите им нуделе вода, храна, им кажувале да не се плашат и биле солидарни со нив.
Додава дека е оставена без зборови од немилосрдноста на криумчарите, кои без размислување ги ставиле во огромен ризик мигрантите.
-Кога веќе им наплатиле големи суми на пари, барем нека не ги ставаат во ризик! Но, и самите криумчари се млади, незрели лица, кои донеле лоши проценки на ситуацијата.
Јавна тајна е сумата од 1.000 евра по лице, од една до друга граница. Сведоштвата на мигрантите за нивниот пат кон Германија или друга европска земја се навистина потресни, и нехумано е сето она низ кое минуваат цели семејства.
Значи, за да стигнат до Турција или Грција, на пример, тие мора да платат од една до друга земја по 1.000 евра. За едно петчлено семејство на пример, потребни се 5.000 евра, за само една земја!
Бидејќи повеќето немаат доволно пари, се случува да останат и по една година во Турција или Грција и таму да работат, за да заработат доволно пари да го продолжат патувањето кон целната дестинација. Многумина од нив ги оставаат семејствата, жените и децата во Грција или Турција, тие самите се обидуваат да стигнат во Германија, а потоа со тамошните програми за спојување на семејства, ги чекаат потребните документи со кои ќе можат семејството со авионски превоз да го донесат во Германија.
Многумина прашуваат како само мажи, работоспособни, тргнале без деца и жени, но тоа е вистината, семејствата ги чекаат додека да средат документи, а потоа и тие им се придружуваат во европските земји, што е една мачна и долга процедура-појаснува Здравкин.
Вели дека ова лето се сретнала со многу мигранти, а сега овој период бил помирен. Во разговор со нив, и кажувале дека некои од нив биле враќани назад дури и по седум – осум пати, но повторно бегале од Грција и се обидувале да стигнат во Германија.
-Полицијата ќе ги фати, ќе ги однесе во прифатниот центар во Гевгелија, од таму во Грција, па пак ќе успеат да заминат од Грција и да стигнат до Македонија, некои ќе продолжат, некои ќе бидат повторно фатени и вратени, и така во круг…
Сепак, бркотниците со возила низ град, па и по автопати не се решение, туку голем ризик, а многупати сме сведочеле и на несреќи кои се случуваат при таквите потери. Да не заборавиме дека во возилото синоќа имаше деца и жени, тоа се луѓе кои тргнале во потрага по подобар жи
Настан кој е недозволив во 21-от век се случуваше синоќа на 20 метри од мојот дом, вели хуманистката Ленче Здравкин

Сепак, бркотниците со возила низ град, па и по автопати не се решение, туку голем ризик, а многупати сме сведочеле и на несреќи кои се случуваат при таквите потери.
Да не заборавиме дека во возилото синоќа имаше деца и жени, тоа се луѓе кои тргнале во потрага по подобар живот и нивните животи во никој случај не смее да се стават на ризик! Во годините наназад, откако започнав да им помагам на мигрантите кои минуваат покрај пругата, покрај мојот дом, сведочев на илјадници потресни животни приказни.
Од она кое го гледаме, криумчарите не запираат, и највознемирувачки е тоа што без размислување ставаат туѓи животи на ризик. Каде отиде човечноста, сочувството за оние кои се нашле во една тешка, немила ситуација и кое е трајното решение? –прашува хуманистката.
За настанот се огласија и од СВР Велес. Потврдија дека помеѓу 23-та мигранти имало дури десет деца, односно малолетници во возилото.
-На 29.10.2023 во 20.30 часот на улица „8 -ми Септември“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес во координација со полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишиле од слобода А.И.(18) од с.Стар Караорман, штипско и Т.Ј.(18) од Штип затоа што во товарното возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал А.И., а сопатник бил Т.Ј., биле пронајдени 23 лица мигранти од Сирија, од кои 10 малолетници.
Имено, околу 20.05 часот на автопатото А1, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово дале знак за запирање на возилото, но А.И. продолжил со движење и со возилото влегол во Велес и на ул.
„8-ми Септември“ излетал од патот и со возилото паднал во ископ. Притоа, со повреди се здобил еден малолетник, констатирани во болницата во Велес.
При приведувањето А.И. физички нападнал полициски службеник. По наредба на јавен обвинител увид на местото извршила екипа од СВР Велес. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави- информираат од СВР Велес.
Вики Клинчарова