Телевизиската серија „Наследство“ (Succession) е прогласена за најдобра серија-драма za 2022 година на Еми наградите кои се одржаа синоќа во Лос Анџелес.
Серијата, во која се опишува животот на семејството Логан кои ја контролираат најголемата медиумска и забавна компанија на светот, имаше вкупно 25 номинации, а покрај главната награда на вечерта доби Еми и за најдобро сценарио и најдобра машка споредна улога во категориите за серии-драми.
Во актерските драмски категории победија Зендаја, за нејзината улога во „Еуфорија“ (Euphoria), и Ли Јунг-џае за „Игра на лигните“ (Squid Game), со што стана првиот азиски актер кој ја добил оваа награда.
Режисерот на „Игра на лигните“ Хванг Донг-хјук победи во категоријата за најдобра режија помеѓу сериите-драми.
Во категоријата за најдобра серија-комедија победи „Тед Ласо“ (Ted Lasso), а серијата истовремено триумфираше и во категориите за најдобар актер, режија, сценарио и машка споредна улога помеѓу комичните серии.
Во категоријата за најдобри кратки серии победи „Белиот Лотос“ (White Lotus), а серијата во оваа категорија ги однесе и наградите за најдобра режија, сценарио и женска и машка споредна улога.