567
Привремениот технички министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, на денешната прес-конференција рече дека еден од приоритетите ќе бидат односите со Македонија.
„Непосредните задачи во однос на билатералниот дијалог со Северна Македонија вклучуваат усвојување на писмен документ со кој ќе се дефинираат конкретните задачи пред институциите во Бугарија со конкретно закажани обврски“, изјавил Милков за БГНЕС.