Насковски: Желбата да останеме заложници на Коридор 10 е само уште една потврда за вистинските намери на Мицкоски

by fokus
Организациониот секретар на УЕФМ и промотор на Македонски концепт, Стево Насковски во изјава за „Фокус“ реагира на капиталните инвестиции кои ги промовираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Насковски вели дека идејата за автопатот Велес – Прилеп – Битола е украдена од Македонски концепт.

-Скриените намери секогаш се согледуваат низ деталите. Промоцијата на “капиталните проекции” на тимот на Мицкоски во областа на патната инфраструктура, целосно го соголеа четничкиот концепт за кој тие се залагаат. Целосното отфрлање на проектите за автопатско поврзување помеѓу главните градови Скопје со Софија и Приштина, но и со Тирана, познато како Коридор 8 е целосно против државниот интерес на Македонија. Желбата да останеме заложници на Коридор 10 е само уште една потврда за вистинските намери на Мицкоски. Дополнително, промоцијата на идејата за автопат на релација Велес – Прилеп – Битола е целосно крадење на проектот на Македонски концепт, кој беше промоворан уште на 06.09.2019 година во интервју за Фокус, вели Насковски.

К.С.

Поврзани новости