Насков: Сите обиди на одредена група луѓе да го преземат „Браќа Манаки“ се завршени

by fokus

Францускиот кинематографер Пиер Лом е вториот лауреат на Златна камера 300 за животно дело на годинешното 38. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, што ќе се одржи од 23 до 30 септември во Битола.

-Пиер Лом е легенда на француската и европската кинематографија, она што е најзначајно и карактеристично во опусот на овој кинематографер е што тој соработувал со значајни и големи омиња на француската кинематографија, а тој со својата вештина да се адаптира на сечиј стил беше еднакво успешен и во соработките со неколкумина странци, како што е на пример, американскиот режисер Џејмс Ајвори, со кого има снимено четири, многу важни  филмови за неговото творештво – изјави директорот на Фестивалот, Благоја Куновски – Доре.

Претседателот на Друштвото на филмските работници на Македонија, Робер Насков, информираше дека сите недоразбирања и дилеми околу организацијата на фестивалот конечно се расчистени.

-Сите обиди на одредена група луѓе да го преземат фестивалот се завршени. Фестивалот Браќа Манаки останува кај тие што го основале, кај тие што организирале со децении – Друштвото на филмските професионалци. На моите колеги, филмските работници им честитам за едниственоста и успехот и на оваа извојувана правда и победа, фестивалот да се врати онаму каде што припаѓа, рече Насков

Тој објави дека годинава наградата „Големата Ѕвезда“ ќе му биде доделена на „Вардар филм“.

Поврзани новости