Наскоро прекин на штрајкот и покачување на платите?

by Fokus

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевкса вели дека има придвижување и позитивни сигнали дека е можно наскоро да биде постигнато решение меѓу СОНК и Министерството за образование и наука со кое штрајкот, што сега е во мирување, би бил прекинат, а платите во образованието би биле зголемени.

– Министерството  за труд и социјална политика не е дел од страните кои имаат спор. Тоа се МОН од една и СОНК од друга страна. Информирана сум од министерот за образование дека денеска од 10 часот требало да има состанок и тој сигурно се одржал. Преговорите продолжуваат, има придвижување и позитивни сигнали дека е возможно за многу скоро да се дојде до заедничко решение кое ќе значи прекин на штрајкот и покачување на платите во образованието, рече Тренчевска во одговор на новинарско прашање при посетата на Струмица.

Но, додаде таа, да му оставиме време на помирувачот и на двете страни во спорот да ги водат преговорите и да не известат за она што ќе биде одлучено на седниците на одборите што се формирани согласно законот за мирно решавање на спорови.

Поврзани новости