Наскоро обвинение за убиството на Вања и Панче

by fokus

Поголемиот дел делчиња од мозаикот за убиството на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска веќе се склопени. Двојното убиство, кое неодамна ја вознемири јавноста, набрзо ќе почне да го добива и судскиот расплет.

Истрагата веќе финишира, па наскоро се очекува да биде поднесено и обвинение, а осомничените да седнат на обвинителна клупа во судница.

Истрагата за двојното убиство беше отворена на 5-ти декември лани, што значи дека на 5-ти јуни завршува првичниот шестмесечен рок. Иако оваа временска рамка предвидена во Законот за кривичната постапка (ЗКП) може да се продолжи, еднаш со дозвола на виш јавен обвинител, а еднаш со одобрение на републичкиот, сепак како што дознаваме, тоа во случајот нема да биде побарано. Имено, според нашите сознанија од Обвинителството, истрагата е при крај и наскоро ќе биде поднесено обвинение.

Според ова темпо, обвинителниот акт би требало да биде поднесен во јуни, а по неговата оцена, судењето најверојатно би стартувало во септември, а можеби и порано, дури за време на судската ферија, кога се судат итни притворски предмети.

Деновиве се очекува од Турција да биде екстрадиран и првоосомничениот за двојното убиство Љупчо Палевски Палчо.

Пишува: Валентина Вурмо

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Поврзани новости