616
Најдоцна до септември треба да бидат одобрени новите вакцини кои ќе бидат приспособени на новиот сој на корона вирусот, омикрон, соопшти ЕМА.
„Наш приоритет е да обезбедиме приспособените вакцини да бидат потенцијално одобрени најдоцна до септември за да бидат подготвени за нови кампањи за имунизација на ЕУ наесен“, рече Марко Кавалери, раководител на секторот за биолошки здравствени закани и стратегии со вакцини при Европската агенција за лекови (ЕМА).