Ламине Јамал (16 години) е еден од најпознатите играчи во Џеда, Саудиска Арабија каде се игра Суперкупот на Шпанија.
На крајот на минатата година талентираниот фудбалер даде интервју за CNN и одговори на изјавата на агентот на Жорге Мендеш дека наскоро ќе потпише нов договор.
– Да. Не знам кога, но мислам дека ќе биде наскоро. На крајот на денот, Барса е клубот на мојот живот. Се надевам дека ќе го обновам договорот и ќе бидам во Барселона најдолго во мојот живот. Сакам да играм во шпанската лига и сакам да играм за Барса. И да, ќе го обновам договорот, убеден сум во тоа – нагласи младиот фудбалер, пишува каталонскиот спортски весник „Мундо Депортиво“.
Ја истакна и улогата на Ханси Флик на клупата на Барса и дека го очекува година со многу успеси.
– Точно е дека Ханси е различен тренер и со различен стил на игра. Се обидуваме да се прилагодиме на она што ни го кажува. Оваа 2025 година ќе дадеме се од себе да освоиме титули, а прва е шпанскиот Суперкуп и се надевам дека ќе биде најдобрата година во нашите животи – додаде еден од најдобрите играчи на клубот од „Камп Ноу“.