Наскоро ќе добиеме „Заев 3“ влада, со шест-седум нови министри, тврди Битиќи

by fokus

Следува консолидација на партијата и понатаму нов мандатар на нова влада. Сметам дека наскоро ќе добиеме „Заев 3“ влада, повторно влада предводена од Заев со тоа што ќе се сменат шест-седум министри, изјави потпретседателот на СДСМ и вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи во разговорот за Утрински брифинг.

Според него, оставката на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев е висок демократски чин и во нормални земји би се сфатила како чин со кој би се преиспитало зошто не оделе работите. -Кај нас тоа се сфаќа предраматично. Ја ценам неговата одлука за оставка, но и ставот да се одложи, рече Битиќи.

Нова влада или реконструкција на владата подразбира преговори меѓу коалиционите партнери кои може да бидат комплицирани за распределба на нови ресори.

-Реконструкцијата на владата е добра и сметам дека ќе треба да има одредена промена на кадрите. Јас сум целосно ослободен од тоа дали ќе бидам на новата листа. Сметам дека резултатите го дефинираат тоа кој ќе остане, а кој ќе замине, вели Битиќи.

Поврзани новости