За предистрагата за тендерот за избор на надзор над изградбата на автопатите од коридорите 8 и 10-д, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, во интервју за ,,360 степени”, информира дека се преземени доста работи и дека наскоро може да има јавнообвинителска одлука.
„Преземени се доста работи. Се работи таму за конзорциум од три фирми коишто се испитуваат. Досега има некои нелогичности во договорот. Се преземаат дејствија и јас сметам дека, можеби набрзо, Јавното обвинителство ќе излезе со јавнообвинителска одлука“, изјави Коцевски.
Прашан дали со ваквиот одговор сака да најави отворање истрага за овој случај, тој не сакаше да одговори директно, туку дополни дека многу работи се испитуваат токму во делот со лиценците, каде што, на пример, фирмата „Електра солушнс“ обезбедила лиценца за надзор откако веќе беше распишана јавната набавка.