906
Судењето за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година продолжува на 24 септември со завршни зборови на обвинителството, откако на денешното рочиште заврши доказната постапка.
Судот на денешното рочиште ги отфрли како неосновани барањата на одбраната на судењето да бидат сослушани како сведоци повеќе лица, меѓу кои и Ивица Коневски, Кирил Божиновски и владиката Агатангел.
Судијата Душко Јосифовски рече дека барањата за дел од материјалните докази се прифатливи, додека денеска изнесените барањата за сведоци се отфрлаат како неосновани, бидејќи не се однесуваат на нови околности.
На денешното рочиште одбраната изведе дополнителни материјани докази, кои судот прифати да бидат изведени во дополнителна постапка.