70
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против А.М.(51) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.
Имено, на 24.12.2023 во Градскиот трговски центар Кочани, пријавениот физички нападнал малолетник од Кочани и му нанел повреди.
Другиот случај што го бележи МВР доаѓа од Ресен каде на исто така минатата година на 26.12.2023 година А.К.(40) од Ресен физички нападнал малоленик во основно училиште каде што тој учел.
Поради овие причини ОВР Ресен, има поднесено кривична пријава против А.К поради основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.