505
Белгиската полиција денеска употреби водени топови и солзавец за да ја растера групата демонстранти во Брисел.
Учесниците на маршот протестираа против Ковид мерките објавени во петокот, трета недела по ред, кога владата ги заостри рестрикциите поради последното зголемување на новозаразените со Ковид-19.
Повеќето од демонстрантите, кои марширале мирно, се разотишле кога околу стотина од нив налетале на полицијата која го блокирала пристапот до зградата на Европската комисија.
По краткиот судир со полицијата, демонстрантите ги гаѓале полицајците со ѓубре и други предмети, вклучително и велосипеди, а запалиле и петарди и факели.
Полицијата морала да употреби водени топови и солзавец за да ги растера. Засега нема информации дали има повредени.