Насилен упад во зградата на РТС во Белград

by Фокус

Српската полиција денеска уапсила 40 членови на организацијата Достојни за Србија, кои наводно незадоволни од работата на РТС насилно влегле во зградата на таа телевизија во Белград, пишува српски „Телеграф“.

 

 

 

 

 

 

 

Тие не сакале да ја напуштат зградата и пружиле пасивен отпор, но полицијата ги извадила и ги привела. За сè е известено надлежното обвинителство, додаваат оттаму.

Достојни за Србија на нивната официјална веб-страница се декларираат како движење предводено од волјата на народот на Србија, кое ги обединува сите поединци и групи кои се борат со иста цел, а тоа е, пред сè, ослободување, а потоа духовно и материјално исцелување на Србија.

Поврзани новости