247
Поднесено обвинение против двајца 22-годошници од Скопје за полов напад и силување.
Тие на 2 декември, на свиреп начин му ја одзеле и ограничиле слободата на движење на едно лице кое наводно им должело 150 евра, така што против негова волја го однеле во Парк шумата Гази Баба, го соблекле и му ја запалиле облеката и личните работи, а потоа присилно извршиле и други полови дејствија кон него.
Со обвинителниот акт, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети.