Нашинци во Австралија нуделе и по 500 долари за влезница за концертот на Јордан Митев

by Fokus

Популарниот фолк музичар Јордан Митев периодов е во Австралија, каде се одржува неговата турнеја низ поголемите градови. На првиот концерт кој се одржа во Сиднеј пред четири дена, влезниците се распродале за многу кратко време, и околу 200 нашинци кои не успеале да купат билети останале пред салата во која настапувал Митев.

– На првиот настап во Сиднеј, Јордан Митев направи спектакл. За жал повеќе од 200 негови фанови останаа без влезници и мораа да се вратат во своите домови. Некои од нив само да присуствуваат на концертот нудеа и по 500 долари, но и тоа не помогна, бидејќи капацитетот во салата беше исполнет до последно место- информира естрадниот менаџер Стефан Горгиевски.

Од она кое може да се види на страницата на Република Ентертејнмент, која е организатор на турнејата, влезниците за настапите на Митев се продаваат по цени 50 до 55 долари.

Тој ја започна турнејата во Сиднеј, а ја завршува со концерт во Перт на 18-ти ноември.

Инаку, музичарот беше актуелен поради откажаниот настап по повод Денот на независноста на Македонија, во организација на СДСМ Кисела Вода. Сите пејачи кои беа најавени дека ќе пејат на настанот добија закани од наши иселеници во Австралија, кои отворено им порачаа дека ако гостуваат на настан организиран од СДСМ, повеќе да не доаѓаат на турнеји во Австралија, оти ќе бидат бојкотирани.

Вики Клинчарова

 

Поврзани новости