Наши претставници мора и чевлите да ги соблечат кога влегуваат во Идризово, револтиран е Зибери

by fokus

Последните две посети на претставниците на Народниот правобранител во затворот Идризово се соочуваат со сериозни проблеми, затоа што новиот директор на затворот ги третира претставниците на Омбдусманот како посетители.

-Да не можат да влезат, ќе им се направи проверка, дали носите ова, па дали носите ова, па дури до соблекување на чевлите. Тоа е недозволиво!

Често пати од пријавувањето до влезот во затворот им трае од половина до еден час. За еден час таму може целосно да се промени ситуацијата и Народниот правобранител да добие сосема друга слика. Затоа се обратив до Управата за извршување на санкции и барав да се преземат мерки, рече Народниот правобранител Насер Зибери во вечерашната Топ Тема.

Откако партијата Алтернатива стана дел од владејачкото мнозинство, во затворот Идризово беше именуван директор од оваа партија. Омбдусманот алармираше дека во текот на 2022 година сериозно ќе биде нарушена работата на правосудниот систем, бидејќи на голем број судии и јавни обвинители им завршуваат функциите, а Академијата за судии и јавни обвинители нема доволно капацитет да го надомести тој број.

– Тука сигурно една од првите жртви ќе бидат токму постапките кои се итни и за кои треба брзо да се реагира. Но, за жал ситуацијата е таква и мислам дека многу брзо треба да се реагира, изјави Зибери.

Поврзани новости