Наши иселеници ќе ја слават еднаквоста на ,,Фестивал на македонска храна” во Австралија

by fokus

На 27-ми октомври со почеток од десет часот во Мелбурн, Австралија, ќе се одржи традиционалниот ,,Фестивал на македонска храна”. Настанот ќе се случува во паркот Footscray, во организација на македонската заедница во Австралија.

За време на фестивалот посетителите ќе можат да ја вкусат традиционалната храна од нашите краеви, како тавче гравче, сарма, бурак, мекици, еклери, индијанки и друго.

Ќе настапат културно – фолклорни друштва, ќе се презентираат народни носии, ќе има штандови со книги и планирани се многу забавни и спортски активности.

-Се се базира на мултикултура и толеранција. Да ја славиме еднаквоста во секој од нас – е мотото на настанот кој се одржува по осми пат. Од организацијата порачуваат посетителите да ги поканат и своите пријатели од останати националности, со цел подобро да се запознаат со нашата култура и традиција.

Вики Клинчарова

Поврзани новости