Наши државјани се враќаат од Украина, дипломатите добиле екстра плати

by Фокус

Сите наши луѓе што се во Украина се мапирани, а на дипломатите во македонската амбасада во Украина им се исплатени и три плати однапред за да може да функционираат во случај на ескалација на ситуацијата, посочи министерот за надворешни работи Бујар Османи на прес-конференција во МНР.

-Ги имаме мапирано сите наши луѓе, семејствата на дипломатите се вратени, дипломатите остануваат таму, обезбедивме услови за функционирање на амбасадата за наредните три месеци. Дадовме однапред плата за наредните три месеци, за кирија, за да ги извадат во кеш бидејќи утре може и банките да не функционираат, па да остане амбасадата без неопходните средства – рече Османи.

Според информациите од амбасадата, додаде тој, 12 луѓе веќе ја информирале амбасадата дека се вратиле во државата освен нивните семејства. Меѓутоа, според него, може да има и други граѓани бидејќи тие немаат обврска да ја информираат амбасадата дека ќе се вратат.

Поврзани новости